Прв за претстојниот повик проговори новиот претседател на САД Доналд Трамп во интервју за Fox News.

“Тој ми ѕвонеше, кога победив на изборите. Ние уште не сме разговарале, но очекувам тоа да се случи наскоро”, рече Трамп.

Во интервјуто за Fox News американскиот лидер истакна: “Ако успееме да ги нормализираат односите со Русија, ќе биде одлично. Тоа е добро и за Русија, и за нас. Ние треба да одржуваме добри односи со Русија, како и со другите земји” , истакна претседателот на САД.

Трамп вети дека ќе има подобри односи со Русија од својот претходник. Овој месец тој навести дека може да ги тргнеме санкциите наметнати од страна на администрацијата на Обама, ако Кремљ  му помогне на САД во борбата против тероризмот.

“Големите глобални и регионални предизвици со кои се соочија нашите земји во последниве години јасно потврдуваат дека руско-американските односи се важен фактор за гарантирањето на стабилноста и безбедноста во современиот свет”, истакна Путин во своето новогодишно обраќање.