Цената на пивото на Октобар фест нема да биде ограничена

од desk3

Градските власти на Минхен го отфрлиле предлолгот да се одреди максимална цена на пивото на фестивалот Октобарфест во овој град на југот на Германија.  

Заменик градоначалникот  Jozef Šmit, кој е задолжен за одржување на овогодишната манифестација, побарал во наредните три години максималната цена на еднолитарската кригла пиво да се ограничи на   10,7 евра што беше највисока цена минатата година.

Агенцијата ДПА пренесе дека Шмит за ваквата идеја  не добил мнозинска подршка на состанкотот на градскиот совет. Шмит смета дека произведувачите на пиво треба да се спречат на посетителите да им “сместуваат” додатни трошоци за обезбедување на фестивалот .Лидија Дитрих, член на Советот од Партијата на зелените, рекла дека се противи на ограничувањето на цената на пивото бидејќи тоа би довело до поскапување на останатите видови пијалоци и храна.

Слични содржини