Цената на пивото на Октоберфест без ограничувања

од Vladimir Zorba

Градските власти во Минхен го отфрлија предлогот да се одреди максимална цена на пивото на фестивалот Октоберфест во овој град во јужна Германија.

Заменикот-градоначалник Јосеф Шмид, кој е задолжен за одржување на овогодишната манифестација, побара во наредните три години максималната цена на кригла пиво од еден литар да се ограничи на 10,7 евра, што беше највисока цена минатата година.

Агенцијата ДПА пренесе дека Шмид не обезбедил поддршка од мнозинството за оваа идеја на состанокот на градскиот совет.

Шмид смета дека треба да се спречат производителите на пивото да ги наметнуваат на посетителите дополнителните трошоци за обезбедување на фестивалот.

Лидија Дитрих, членка на советот на Партијата на зелените, рекла дека е против ограничувањето на највисоката цена на пивото, бидејќи тоа би довело до поскапување на останатите видови на пијалаци и на храната.

Слични содржини