Цените на индустриските производи пониски на месечно, а повисоки на годишно ниво

од Vladimir Zorba

metalska-industrija

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во јули се пониски за 1 процент на месечно ниво, а повисоки за 0,4 отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.

Во јули, во споредба со истиот месец лани, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,8 отсто, интермедијарни производи, освен енергија, за 1 процент, додека во групата трајни производи за широка потрошувачка се останати на исто ниво.

За истиот период, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите капитални производи за 7,5 проценти, трајни производи за широка потрошувачка за 3,8 проценти, енергија за 1,9 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,2 отсто./Мета

Слични содржини