Церар: Доколку Хрватска не се согласи на арбитража, подготвени сме за тужба

од desk4

– Словенечкиот премиер Миро Церар синоќа изјави дека најдобро би било Хрватска да се согласи на спроведување на арбитражната пресуда за границата и најави дека во спротивно Словенија ќе биде принудена да поднесе тужба против неа.

– Најдобро би било Хрватска да се согласи на имплементација на пресудата, изјави Церар по затворената седница на парламентарната комисија за надворешни работи, на која тој пред дел од министрите и пратениците го објаснуваше планот на Словенија за ова прашање.

Што се однесува на можното посредување на Европската комисија во арбитражниот спор, Церар изјави дека очекува претседателот на Комисијата Жан-Клод Јункер или првиот потпретседател Франс Тимерманс ќе може на Хрватска да и понуди „некои конкретни можности кои би воделе до имплементација“. Тој дополни дека очекува за таквите можности да биде информиран во текот на следните денови, кога таа иницијатива ќе биде „до некое ниво довршена“ на ниво на Еврокомисија.

Церар изрази и задоволство од најавата на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ да ќе замине во Брисел и да се сретне со Јункер.

– Тој состанок сметам дека е многу важен, бидејќи и натаму е многу битно Комисијата да се обиде да ги наговори Пленковиќ и Хрватска на ставот на Комисијата, кој е идентичен на словенечката позиција, а тоа е дека арбитражната пресуда треба да се спроведе, потенцираше словенечкиот премиер.  

Слични содржини