ЦИА ја прекинува поддршката за бунтовниците во Сирија

од Vladimir Zorba

  Шефот за специјални операции на американската војска, генерал Тони Томас, потврди дека ЦИА ја згаснува својата програма за поддршка на сириските бунтовници кои се борат  против претседателот  Башар ал-Асад.

Томас негираше дека четиригодишната операција е завршена за да се задоволи Русија и за да се добие поддршка за примирјето во југозападна Сирија, пренесоа француските медиуми.

-Тоа беше тешка, тешка одлука, но таа апсолутно не е отстапка пред Русите, рече Томас на форум во Аспен, во Колорадо.

„Таа е темелена на проценка на природата на програмата, на тоа што се обидуваме да го постигнеме”, рече Томас.

Повикувајќи се на неименувани американски претставници, „Вашингтон пост“ објави дека четиригодишната тајна операција имала ограничено влијание, особено од откако руските сили застанаа на страната на Асад, во 2015 година.

Според наводите на весникот, американскиот претседател Доналд Трамп одлуката за укинување на програмата за поддршка ја донел пред речиси еден месец, по состанокот со директорот на ЦИА, Мајк Помпео и советникот за национална безбедност, Х.Р. Мекмастер.

Слични содржини