Во интервју за телевизискиот канал MSNBC, тој посочи дека Москва се вмешала во американските избори во 2016 година

“Тие се занимаваат со тоа   нездраво долго време . Со  децении Русија се обидува да ја поткопа американската демократија. Значи, во вистинска  смисла тоа не е нова вест.” – коментира директорот на ЦИА, додавајќи дека во сегашната ситуација стои прашањето за способноста да се најде начин за спротивставување на ваквите напади.

Тој исто така рече дека не располага со докази за директно учество на рускиот претседател Владимир Путин во оваа интервенција.

Локално.мк потссетува , американскиот конгрес и ФБИ вршат истрага по руската интервенција во изборите на Белата куќа, насочена во корист на Доналд Трамп.