ЦИА сензационално: Руски војници и вонземјани се степале, луѓето биле претворени во камен

од desk2

Медиуми размножија таен извештај на ЦИА, во кој се вели дека во 1993 година НЛО превртел камион со 23 руски војници во Сибир. Делови од документот биле на располагање на весникот Express. Во неговите податоци, се посочува дека инцидентот се случил во Сибир, во близина на некоја воена единица.
Извештајот за кој станува збор, е изготвен на 27 март 1993 година.

Според податоците на весникот, по распадот на СССР многу од архивите на КГБ паднаа во рацете на ЦИА, вклучувајќи и 250 страници од досието за НЛО. Извештајот исто така содржи слики и сведоштва.

Според материјалите на ЦИА, ниско летечки НЛО се појавило над воениот дел во Сибир. Еден од војниците истрелал по него ракета. Преживеаните раскажале дека од НЛО-то излегле пет ниски хуманоиди со големи глави и големи црни очи. Потоа тие се претопиле во една сјајна бела топка од светлина која светкала и зуела.

Потоа топката експлодирала и 23 војници се претвориле во камен. Двајца преживеани се наоѓале “во сенка” во овој момент.
Во извештајот се тврди уште дека остатоците на скаменети војници се предадени на Топ Сикрет научно инстуција до Москва.

Слични содржини