ЦИА: Тупурковски се облекува во блузи со отворени крагни кои висат на големиот стомак

од Vladimir Zorba
 
Разузнавачите на ЦИА биле изненадени од облекувањето, физичкиот изглед и воопшто од однесувањето на Васил Тупурковски – Циле кој на 35 години стана најмлад член на президиумот на Сојузот на комунистите на Југославија, пренесе А1 он.

Ноншалантното облекување на Тупурковски, станало цел на анализа на ЦИА.

Тие напишале дека во 1986 година тој учествувал на конференција посветена на Југославија во Вашингтон каде дошол со чуден бекраунд.

„Пред да биде избран за член на претседателството на СКЈ, тој добил магистерска диплома на Универзитетот Мичиген во САД по компаративно право и течно зборува англиски.

Македонецот Тупурковски има долга густа коса, долги мустаќи и зулуфи, облечен е во блузи со отворени крагни кои ги остава да висат на неговиот голем стомак – практика што е изненадувачки „кежуал“ дури и за југословенските елити“, се вели во документот на ЦИА.

Слични содржини