Катимерини – Атина

Владата во Атина е исправена пред многу отворени фронтови – ако почнеме со откритијата во врска со банкарски заеми кои ги раздавала Атина, па се до вознемирувачките конфликти во црквата и судовите, но исто и до скорешниот договор со кредиторите за ослободување на финансиската помош за земјата и кратењето на долгот. заради сето тоа, на сцената повторно се појавија сценарија за предверемни избори, кои всушност кабинетот ги негира.

На врвот на ледениот брег пред кој е исправен владиниот брод стоји скандалот со Атика банк и сознанијата поврзани со него за заеми кои ги давала банката на бизнис фамилијата Калогрицас, која беше меѓу претендентите во тргувањето со телевизиски лиценци.

alexis-tsipras

Истовремено, опозициските партии, а на прво место Нова демократија, изгледаат решени да ги искористат лошите факти за да ја разбијат „моралната жабокречина“ на првата влада на левицата.

Неодамнешните откритија во врска со скандалот со Атика банк по се изгледа ќе бидат искористени од лидерот на опозицијата Кириакос Мицотакис за време на планираната дебата во среда во парламентот за образованието.

„Аргументите“ на банкари, но исто и на други опозициски партии – Пасок и Потами (Реката), ќе бидат дека со тоа тргување со телевизиските лиценци владата се обидува да изгради сопствена шема на интереси.

Заедно со тоа, проблем за владата претставува се поголемото заострување на конфликтот со судовите, во чиј центар стојат платите за специјалните категории службеници во државната администрација.

„Жешката есен“ за владата се дополнува и со продолжувањето на конфронтацијата меѓу министерот за образование Никос Филис и архиепископот Јероним, со што уште повеќе се забременија односите на премиерот Алексис Ципрас со неговиот коалициски партнер во владата, Панос Каменос (лидерот на Независни Грци), но и јавната конфронтација со бизнисменот Христос Калогрицас.

Односите меѓу црквата и владата во Грција се напрегнаа заради намерата на властите да ги сменат часовите по религија во училиштата.

Шефот на грчката Православна црква Јероним и министерот за образование Никос Филис неодамна си разменија жестоки писма во врска со намерата на министероството да го смени методот по кој грчките ученици се обучувани по религија. Филис сака часовите да бидат за изучување на религијата, а не да се предава на основите на катехезисот. Тоа предизвика реакции од страна на духовството, на кое министерот одговори со поставување прашање за улогата на црквата за време на воената диктатура 1967-1974.

Освен политичката цена од тој судир со црквата, треба да се истакне и фактот дека можеби првпат функционери од партијата Сириза вго приватни разговори директно ја напаѓаат партијата Независни Грци, а нивните напади можат да се покажат како погубни за единството на коалицијата.

Значајни пречки за нормалното работење на владата создава уште и претстојното договарање со кредиторите по од нив очекуваната проверка на договореното и кратењето на јавниот долг.

Властите планираат да извршат некаков притисок за донесување на некакво решение од кое би можеле да извлечат политички дивиденди, како што тоа впрочем произлегува и од она што му го кажа премиерот Алексис Ципрас на американскиот потпретседател Џо Бајден на средбата во рамките на Генералното собрание на ОН.

Атина најверојано ќе се стреми да дојде до некаква регулација за долгот, затоа што се проценува дека Ангела Меркел нема да направи отстапки токму во сегашниот момент пред германските избори и новата политичка сцена која се надѕира во Берлин.

Кастрењето на долгот може да доведе и до компликации внатре во кабинетот на Ципрас, затоа што во однос а него во владеечката коалиција има различни погледи. А тие би можеле на површина да исфрлат фокус на нов надоаѓачки циклус од преговори со претставниците на кредиторите.

Според некои извори, министерот за финансии Евклидис Цакалотос бара некои отстапки за реформи на пазарот на трудот кои ги бараат кредиторите, за да може Атина да добие „корисен“ договор за долгот. За разлика од него, други министри, како Никас Папас, на пример, му предлагаат на премиерот да следи тврд курс при договорите со кредиторите во врска со очекуваната втора оценка за реализираните владини реформи.

И покрај тоа што владата е под притисок и е исправена пред мноштво отворени проблеми, нејзината стратегија не предвидува никакви отстапки.

Целта на Ципрас е да исцрта јасни линии на разграничувања од опозициската Нова демократија и нејзиниот лидер Кириакос Мицотакис со оглед на новиот двополов модел кој се формира, во кој двете водечки партии продолжуваат да се далеку од можноста во иднина самостојно да управуваат.

Во контекст на таа стратегија, владата категорично негира какви било озборувања и сценарија за предвремени избори, а во врска со тоа блиски луќе до премиерот тврдат дека планот на Ципрас предвидува реконструкција на кабинетот веднаш по завршувањето на претстојнот конгрес на партијата Сириза во октомври.

Слични содржини