Претседателот на црногорскиот Парламент Иван Брајовиќ за 15 април ги закажа следните претседателски избори во земјата, со можен втор круг две недели подоцна доколку ниту еден кандидат на победи со повеќе од 50 проценти од гласовите во првиот круг.

Актуелниот претседател Филип Вујановиќ беше на функцијата во два последователни петгодишни мандати, откако Црна Гора стана независна нација и повеќе не може да се кандидира.

Тој веќе беше на функцијата кога земјата се одвои од Државната унија на Србија и Црна Гора, служејќи од 2003 година. Црна Гора му се приклучи на НАТО во јуни 2017 година и покрај силното противење на Русија и преговара за членство во ЕУ од 2012 година.

Слични содржини