Црната страна на карневалот во Рио

од desk2

Низата разбојништва, вооружените грабежи и судирите во текот на карневалот во Рио де Жанеиро укажаа на влошената безбедносна ситуација во тој град.

Бразилската телевизија “Globo” објави снимки од вооружени судири на ривалски банди, напади на тинејџери на туристи во “безбедни” делови од градот и полицаец кој одвај успева да побегне откако го нападна група луѓе пред неговата куќа.

Гувернерот на државата Рио Де Жанеиро, Луиз Фернандез Пезао, призна дека во текот на првите денови на карневалот на улиците немало доволно полиција. Повеќе од 17.000 полицајци го обезбедуваа тој настан.

Службени податоци уште не се објавени, но Пезао вели дека количината на запленето оружје е неверојатна. Рио Де Жанеиро, град кој во 2016. година беше домаќин на Летните олимписки игри, моментално се соочува со голем пораст на насилства.

Петдневниот карневал претставува една од главните атракции на Рио. Разнобојната парада на членовите на школите по самба се смета за најспектакуларна прослава на светот.

Слични содржини