ЦУК: Пожарите се локализирани и под контрола

од desk2

Пожарите во кризниот и други региони во Македонија се локализирани и под контрола, информираат од Центарот за управување со кризи на РМ во извештајот за состојбата до 19 часот.

Пожарот кај Јасеновска глава од страна на село Попадија е локализиран. Интервенирале вработени од ШС „Бабуна“.

Под контрола е пожарот кај Богомила, пред тунелот на пругата за прилпското село Гостиражни. Интервенираат од ШС „Бабуна“ – Велес и лица од месно население од село Богомила.

Пожарот на подрачјето на село Галиште, со кој е зафатена сува трева, е под контрола.

Од ЦУК информираат дека пожарот во близина на населените места Мажучиште, Мараморани и Горно Село, повторно е активен во правец на село Горно село каде гори сува трева. На терен има екипи од ТППЕ Прилеп, Јавните претпријатија во Прилеп и месно население.

Пожарот во близина на селата Крушевица и Бонче е под контрола.

Под контрола е пожарот кај село Никодин, а на терен има вработени од ШС „Црн Бор“ Прилеп.

Шумскиот пожар во атарот на село Норово е локализиран, а теренот го контролираат ТППЕ Крушево, ШС Липа Крушево и месно население.

Под контрола е пожарот на м.в. Фрлогоец (Женска планина) на Бистра Планина и е со мал интензитет.

Пожарот кај кај село Кованец, м.в. Милош, кој беше локализиран претпалднето од страна на ТППЕ Гевгелија и вработени во ШС „Кожуф“ Гевгелија, попладнето повторно е активен. На терен дејствува екипа од ШС Кожуф. Гори сува трева и деградирана шума, се наведува во соопштението на ЦУК.

Слични содржини