Денеска се потврдени  4 нови случаи со туларемија, со што вкупната бројка се искачи на 23 заразени. Покрај Лозово, Каратманово, Коселери, Опае, Арачиново и Грушино, болеста се појави и во Мојанци. Денеска министерот за здравство придружуван од членови на Комисијата за заразни болести го посети Кратманово откако вчера беше прогласена епидемија на туларемија во ова подрачје.

gluvci

Тодоров разговараше со жителите притоа информирајќи ги за мерките што ги преземаат здравствените власти.

Од Комисијата ја оставија отворена можноста деновиве да прогласат епидемија и во Арачиново.

Слични содржини