Членот 8а.1 став 4 од изборниот законик во кој се вели дека не може да има отпуштања или вработувања доколку се распишани избори не може да се примени во постапката за разрешување на Марко Зврлевски бидејќи не се работи за отпуштање туку само смена од позицијата јавен обвинител, рече координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев.

Тој уште еднаш пред јавноста и пратениците кажа дека пратениците на СДСМ нема да учествуваат во, како што кажа, оваа бесмислена расправа.

Сите пратеници од СДСМ кои беа пријавени за збор одлучија да се откажат од дискусијата за оваа точка./A1on

Слични содржини