Пратениците од СДСМ нема да учестуваат во ваква бесмислена расправа и покрај тоа што имаме многу да зборуваме за Марко Зврлевски, за стотиците кои неосновано завршија во затвор и за не порекнувањето обвиненија, рече координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев.

– На оваа седница се зборува за се освен за точката на дневен ред. Си го трошиме времето, а и парите на граѓаните, рече Тунтев.

Координаторот на СДСМ обраќајќи се кон пратениците од опозицијата рече дека време е да се тргне кон реформите кои ги очекува Европската Унија и граѓаните на Република Македонија.

Сите пратеници од СДСМ кои беа пријавени за збор не се присутни во Собраниската сала.

Пратениците од опозицијата остануваат на своите ставови дека во моментов е поважно да се разговара за пожарите, мигрантите и Законот за јазици наместо, за како што велат, незаконското разрешување на Марко Зврлевски кое според нив е спротивно на членот 8а од Изборниот законик.

Слични содржини