Тунтев: Следната недела ќе ги поднесеме законите за СЈО

од desk2

Парламентарното мнозинство ги известило координаторите на парламентарните политички партии дека е потребно да се постигне политички договор за законите за СЈО, информираше координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев, кој додаде дека законите во собраниска процедура ќе влезат наредната недела.

– Ние уште минатата година како опозиција ги предложивме законот за заштитени сведоци и законот за продолжување на рокот за обвиненија на СЈО, но тие беа одбиени од ВМРО-ДПМНЕ. Тоа се истите закони со кои треба да се овозможи непречено функционирање на оваа обвинителство и затоа сметам дека треба да дадат поддршка сите политички чинители. Впрочем, овие закони се дел од Договорот од Пржино и се дел од реформските приоритети на Прибе – изјави Тунтев.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ рече дека и Собранието, како и Владата, ќе биде отворено за граѓаните да имаат можност одблизу да се информираат за работата на законодавниот дом./мета

Слични содржини