Турските бомбардирања биле насочени против воениот аеродром на Миниг.

обсерв

Турската армија денес бомбардира сектори, контролирани од силите на сириските Курди во провинцијата Алепо, во северна Сирија, пренесе АФП, повикувајќи се на Сирискиот центар за набљудување на човековите права. Според директорот на НВО Рами Абдел Рахман турската артилерија гаѓала сектори кои Деловите за заштита на народот (YPG) неодамна окупирани од исламистичките бунтовници во провинцијата Алепо и особено реонот на градот Миниг.

Турските бомбардирања биле насочени против воениот аеродром на Миниг што Курдите го зазедоа на 10 февруари. Тие почнаа малку по изјавата на турскиот премиер Ахмет Давутоглу, кој се закани со воена акција против сириските курдски борци од Партијата на демократскиот сојуз, кои Анкара ги дефинира како терористичка група. По потреба можеме да  ги преземеме во Сирија истите мерки како во Ирак и Кандил, рече Давутоглу. Тој го има предвид бомбардирањето во 2015 против Курдистанската работничка партија (ПКК) во оваа планина во северен Ирак, која беше нивна тврдина. Поддржани од нападите на руската авијација  курдските милитанти пред неклку дена  ја зазедоа воздухопловната база и градот Миниг кој се наоѓа северно од големиот град Алепо и на десетина километри од турската граница. Сириските владини сили  ја загубија контролата на базата во Миниг во 2013 година, две години по почетокот на конфликтот во Сирија.

Слични содржини