“Горчлив пораз за Ердоган” – под таков наслов објавува аналитички преглед азербејџанскиот портал Haqqin.az. Независно од титаниските напори на претседателот Ердоган, неговата земја сега губи на сите фронтови при тоа со катастрофален резултат.Оние шри не и мислат добро на Турција одамна тврдат дека токму таа ставила рака на блискоисточните револуции, подржувајќи бунтовници. Ердоган планирал да ја прероди неоосманската слава на некогашната империја. Истовремено неселективната поддршка на опозицијата во многу блискоисточни земји, во прво место во Сирија и нанесе на Анкара непоправлива штета. Колку и да го повикува турскиот лидер својот народ кон патриотизам, колку и победи да ветува во борбата за националните интереси, мешањето во работите на Сирија предизвика длабока поделба во турското општество.

20160226.wiiugqzfyr

Во 2011 година, 44% од Турците ја поддржуваа ердогановата Партија на правдата и прогресот, сега 2/3 од населението е против владиниот курс, покажуваат резултатите од јавните анкети.

Понатамошните активности на Ердоган ќе зависат дали САД и Русија ќе ја затворат границата меѓу Сирија и Турција и колку наскоро ќе го сторат тоа.

Со оваа прогноза е согласен лидерот на најголемата опозициска партија, Кемал Киличдароглу. “Ние долго време го обесхрабрувавме Ердоган од намерите му за Сирија, но тој не не послуша. И што имаме сега – милиони сириски бегалци, расипани односи со Русија, рамнодушност на нашите американски сојузници, перспектива за создавање на Курдска држава на границата со Сирија. И сето тоа е резултат на политиката на Ердоган. Зарем заслужуваме таква ситуација во регионот? Не, но погрешната, дури би рекол авантуристички политика на Ердоган нас не одведе до таму “- вели Киличдароглу.

Турција се покажа во сложена ситуација. По усвоениот од САД и Русија договор за примирје, следуваше веднаш изјава на сириските Курди дека големите сили се договориле за создавање на курдска автономија во Сирија. Според политичките претставници на сириските Курди, најнепомирливата позиција по федерализиранњето на арапската република ја зазема сириската умерена опозиција, а претседателот Башар Асад се однесува кон овој модел повеќе позитивно. Експертите хо нарекоа овој можен план за федерализација по “босански модел”.

Haqqin.az потсетува дека по бомбардирањето на НАТО во 1990-тите години во Југославија, со цел да спречи крвопролевање во Босна, следеа преговори меѓу завојуваните страни. Според добиените резултати Русија и САД се договорија за создавање на босанска конфедерација на муслиманите, Србите и Хрватите.

Слични содржини