Советот за високо образование на Турција на универзитетите им наредил да не испраќаат во странство универзитетски кадри, а веќе заминатите веднаш да се вратат во земјата, јави државната телевизија ТРТ.

1433971365200

Британските медиуми пренесувајчи ја информацијата, наведуваат дека таа доаѓа во време на досега незабележената чистка во државните институции по обидот за воен удар.

Забраната за патување е воведена еден ден откако Советот за високо образование ги побара оставките на 1.577-те ректори на сите универзитети на територијата на Турција.

Министерството за образование, од своја страна, им ја одзеде лиценцата за работа на 21.000 наставници и учители, кои работат во приватни образовни институции.

Турската Влада го обвини исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во САД, дека е „мозокот“ на обидот за преврат, во кој беа убиени над 230 лица. Ѓулен ги отфрли овие обвинувања./MИА

Слични содржини