Претседателската гарда повеќе не е неопходна, порача  Јилдирим.

лијдирми

Турските власти  ја растурија елитната претседателска гарда, откако се покажа дека речиси 300 од нејзините членови беа уапсени поради неуспешниот обид за државен удар. Ова го соопшти премиерот Бнали Јилдирим. “Нема повеќе претседателска гарда, нема потреба од неа”, изјави тој за телевизија “Хабер”.

Гардата брои 2.500 лица, а 283 од неа беа приведени по настаните од ноќта на 16 јули, кога пропадна обидот за преврат против претседателот Реџеп Ердоган. Бинали Јилдирим откри дека вкупниот број на уапсените поради заговорот достигна 13 000 луѓе. Од нив 1329 се полицајци, 8831 војници, 2100 судии, 689 обвинители. / ТАСС

Слични содржини