Локалните власти во турскиот пограничен град Едрене денеска соопштија дека на бегалците од Сирија и другите земји од Блискиот Исток нема да им дозволат да преминат преку копнената граница со Грција, јави ТАСС.

A group of 300 sub-Saharan Africans sit in board a boat during a rescue operation by the Italian Finance Police vessel Di Bartolo (not pictured) off the coast of Sicily, May 14, 2015. Around 1100 migrants were rescued off the coast of Sicily, about 130 miles from Lampedusa, according to the police. REUTERS/Alessandro Bianchi

– Едноставно не можеме да им дозволиме на овие луѓе да преминат на територијата на Грција. Ако некои од нив имаат основа за минување на границата, како покана или официјална најава од некоја земја дека е подготвена да ги прими, ние ќе ги качиме на авиони или во автобуси и ќе ги испратиме таму. Но, засега ниту една земја не најави таква иницијатива. Затоа ние не можеме да се однесуваме поинаку, изјави гувернерот на Едрене, Дурсун Али Шахин.

Во пограничните региони на Турција кон Грција од 14 септември почнаа да пристигнуваат поголеми групи имигранти, чија цел е како што велат „да влезат во Европа“. Во моментов во тој регион се собрани неколку илјади бегалци, на кои турските власти им дадоа рок до денеска да ја напуштат пограничната зона.

Бегалците меѓутоа најавија дека немаат намера да ја напуштат пограничната зона на Турција, се додека не се сретнат со турскиот премиер Ахмет Давутоглу. Според нив, доколку не дојде до таква средба тие се подготвени самоиницијативно да тргнат кон турската граница со Грција.

Гувернерот Шахин, од своја страна изрази жалење што не дошло до средба меѓу Давутоглу и бегалците.

– Нашиот премиер е многу зафатен. Утре неколку претставници на локалната власт ќе се сретнат со премиерот, а за сосотјбата во регионот ќе разговараат и со претставници на ОН и ЕУ, најави Шахин.

Во меѓу време на централната автобуска станица во Истанбул и натаму се наоѓаат околу 1.500 бегалци, кои се обидуваат со автобуси да заминат кон пограничните региони на Турција со Грција.

Турските власти засега не им дозволуваат да се упатат кон границата, туку ги држат во реонот на автобуската станица, редовно обезбедувајќи им храна и вода./МИА

Слични содржини