Туристичката агенција повика на молитви за настрданите од превртениот автобус

од desk2

Туристичката агенција од Скопје што го изнајмила автобусот кој синоќа излета од патот кај велешката патарина ноќеска рано утрово повика на молитви за настраданите патници. Во постот на официјалниот профил на фејсбук, туристичката агенција „Савана турс“ информира дека во автобуската несреќа што се случи синоќа на автопатот Велес – Скопје биле повредени и возачот и придружникот на автобусот.

Во автобуската несреќа 27 патници кои се враќаа од одмор на Халкидики во Грција се повредени, од кои една госпоѓа почина на Ургентниот центар во Скопје, а на деветгодишно девојче му е ампутирана раката.

„Изразувајќи го нашето сочувство кон семејството на починатата госпоѓа, како и искрената надеж за поскоро оздравување на другите патници, ве повикуваме да ни се придружите во нашите молитви кон Господа, за негова милост и нивно спасение“, стои во објавата на официјалниот фејсбук профил на агенцијата.

МВР синоќа соопшти дека се работи за автобус на „Бус Травел“ ангажиран од ТА „Савана турс“ управуван од А. Н. Во автобусот имало 44 патници

Слични содржини