Туристите кои ja посетуваат Белата куќа со туристички водич, веќе ќе можат да прават фотографии во внатрешноста на зградата и да ги објавуваат на социјалните мрежи.585984b752b9477f92481f1b6d119427-1af7c805f93b464684c00f60d10a19d5-2

Сепак, сѐ уште не можат да се користат камери и стапчиња за селфи. Одлуката за укинување на 40-годишната забрана е на првата дама на САД Мишел Обама, која ја објавила веста во видеопорака во “Инстаграм”.

“Ако сте биле во Белата куќа, веројатно сте го виделе ова предупредување”, рече сопругата на американскиот претседател, држејќи во раката постер за забрана на фотографирањето. “Веќе не”, додаде таа со насмевка.

Според зборовите на Мишел Обама веќе може да фотографирате со вашиот мобилен телефон и преку компактни фотоапарати, но сепак да не пречите на другите. Сепак остануваат забранети стапчињата за селфи, камери со објективи на менување и стативи. Не можете исто така да се емитуавте во живо при посетата на Белата куќа.

Слични содржини