„Туркиш ерлајнс“ прави профити во Африка, каде другите се плашат да летаат

од Vladimir Zorba

 

Хуриет

Кога „Туркиш ерлајнс“ отвори директна линија до африканската држава Сомалија, експертите во авионската индустрија беа скептични. Но не повеќе.

– Сомалија е една од нашите најпрофитабилни дестинации било каде во светот. Ние сме таму единствената меѓународна авиокомпанија. Прва и единствената, изјави Мустафа Узкараман, менаџер на „Туркиш ерлајнс“ стациноран во Кенија.

Авиопревозникот од Истанбул го повторува овој чекор низ цела Африка, а проширувањето на листата на дестинации ги изненадува другите. Овој чекор доаѓа по политичките немири минатата година, кои ја втурнаа авиокомпанијата во „црвено“, за првпат по 17 години.

Во 2011 година „Туркиш ерлајнс“ леташе кон 14 африкански градови. До крајот на годинава, компанијата ќе сообраќа на 52 релации од Истанбул низ цела Африка, по отварањето на линиите за Фритаун, главниот град на Сиера Леоне.

Од јануари до јуни речиси една десетина од вкупните патнички и карго приходи на авиокомпанијата доаѓаат од Африка, покажуваат резултатите за првата половина на 2017 година, која сепак покажа загуба од 434 милиони долари.

Ривалите „Емиратс“ имаат помалку од 30 линии. Минатата година авиокомпанијата од Дубаи укина една линија и ја намали фреквенцијата на летови кон неколку други градови.

Тие ги наведуваат слабите економски услови во Африка, каде многу држави зависат од приходите извозот на акцизни стоки (нафта) и кои имаат економски раст далеку понизок од растот на населението.

Но „Туркиш ерлајнс“, кој е 49 проценти во сопственост на државата, е „тврдоглаво“ насочен кон Африка, континент со една милијарда луѓе.

Узкараман негира дека поцврстите врски меѓу Анкара и повеќето африкански држави се движечка сила за стратегијата на компанијата.

– Многу луѓе сметаат дека нашите летови до Сомалија немаат бизнис основа. Но направивме проценка и веруваме дека оваа линија ќе биде профитабилна, сега или наскоро, вели тој.

Тој одби да даде детали за профитите од летовите кон Африка, но рече дека линиите како што се дневен лет со голем авион од нигерискиот град Лагос биле критични за профитабилноста на авиокомпанијата.

– Треба да ги имате овие врски за да може аеродромот во Истанбул да бидат целосно искористен, а профитабилните дестинации уште попрофитабилни, истакна Узкараман.

Минатата година, компанијата регистрирала нето загуба за првпат од 2000 година, по падот на побарувачката заради политичките превирања и воениот пуч во Турција. Узкараман вели дека некои од загубите се и заради набавката на нови авиони – биле нарачани 210 авиони.

– Факторите на исполнетост – мерката колку се полни со патници авионите – се над 70 проценти на повеќе африкански линии, што е нешто под светскиот просек на компанијата од 80 проценти, додава тој.

Широката мрежа значи дека за разлика од „Етиопиан ерлајнс“, турската компанија не е партнер со помали африкански авиопревозници кои се познати по своите лоши услуги.

– Компанијата отвори салон за бизнис класа на аеродромот во Најроби во јули 2016, што е нивен втор салон по Москва. „Бритиш ерлајнс“ и „Емиратс“ започнаа годинава да го изнајмуваат салонот во Најроби за нивните патници од бизнис класата, рече Узкараман.

Слични содржини