2796954287

Генералштабот на турската армија денеска ги демантира информациите во некои медиуми дека во вчерашните воздушни напади врз базите на Курдската работничка партија (ПКК) во северен Ирак било бомбардирано и село и притоа биле убиени и ранети цивили, пренесоа американските медиуми.

Во соопштението се посочува дека целта, погодена при воздушните напади, не била селото, туку засолниште на членови на терористичката организација

Во армиското соопштение се вели дека целите на ПКК во северен Ирак и на турска територија, кои се објект на воздушните напади на турската армија, се определуваат врз основа на визуални податоци по многу исцрпно и детално истражување.

Во текстот се истакнува дека при истрагата на тврдењата во медиумите е утврдено дека во реонот на бомбардирањата и во неговата близина немало населено место и целта, погодена при воздушните напади, било засолниште на членови на терористичката организација.

Турското Министерство за надворешни рабти вчера соопшти дека презело истрага за тврдењата за цивилни жртви од воздушните напади на турската армија врз цели на ПКК во северен Ирак и вети дека резултатите од истрагата ќе бидат објавени што е можно побрзо.

Властите на автономниот регион на Ирачки Курдистан вчера информираа дека шест локални жители загинале во утринските бомбардирања, а според прокурдските медиуми во Турција во нападите имало девет цивлни жртви.

Слични содржини