Турската полиција застрела маж при обид најверојатно да ја нападне Амабсадата на Израел во Анкара

од Vladimir Zorba

timthumb-4

Турската полиција соопшти денеска дека напаѓач кој бил застрелан во ногата во близина на Амбасадата на Израел, извикувал Алах акбар (Бог е голем).

Портпарол на израелското МНР, Емануел Нашон истакна дека персоналот од Амабсадата е безбеден и напаѓачот бил ранет пред да стигне до Амабсадата. Тој додаде дека напаѓачот „очигледно бил вооружен со нож“ додавајќи дека во него било пукано од обезбедувањето.

Си-Ен-Ен Турк јавид ека напаѓачот бил ментално нестабилен.

Дел од израелските медиуми јавија дека не е во прашање напад врз израелската Амбасада туку дека имало пукање во близина на објетот на Амабсадата.

Западни медиуми претходно јавија за една жртва во обидот за напад врз Амбасадата на Израел во Анкара. Инцидентот според нив, се случил кога две лица се обиделе да влезат во Амбасадата.

Слични содржини