Турски универзитет нуди бесплатен храна за студентите кои ќе се откажат од пушење

од Vladimir Zorba

 

Универзитетот во турскиот град Амасја им вети бесплатна храна во текот на целата година на оние студенти, кои ќе се откажат од пушењето цигари, јави агенцијата Анадолија.

Ректорот на Универзитетот, Метин Орбај вели дека целта на проектот е да се поддржат студентите, кои решиле да се откажат од оваа лоша навика.

Организаторите на оваа кампања – Ректоратот и универзитетскиот клуб „Зелена полумесечина“, се надеваат дека на овој начин ќе убедат што поголем број студенти да престанат да пушат.

Слични содржини