Турски воени авиони повторно го повредиле грчкиот воздушен простор

од Vladimir Zorba

 

Два турски борбени авиони Ф-16 вчера трипати го повредиле грчкиот воздушен простор, во североисточниот, централниот и југоисточниот дел на Егејското Море.

Грчките воени власти соопштија дека авионите, заедно со турски авион од типот CN-235, исто така четирипати навлегле во Атинскиот воздушен простор.

Сите авиони биле пресретнати и протерани од страна на грчки авиони во согласност со меѓународните практики, соопшти официјална Атина

Слични содржини