Турските муфтии добија право да склучуваат граѓански бракови

од desk4

Турскиот Парламент усвои закон со кој ќе им се дозволи на религиозните претставници назначени од државата да извршуваат церемонии за склучување граѓански брак.

Опозициските партии го гледаат овој чекор како удар врз секуларизмот и правата на жените од страна на власта на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Законот ќе им овозможи на муфтиите, кои се вработени и назначени од државната Дирекција за религиозни прашања, да извршуваат церемонии за склучување граѓански бракови, кои претходно ги извршуваа само општински службеници.

Слични содржини