Турските власти издадоа налози за апсење на неколку челни лица на уште еден весник

од Vladimir Zorba

Во раните утрински часови на 19 мај турските власти издадоа налог за апсење на четворица од раководителите на весникот “Созчу”, вклучувајќи го и Бурак Акбал, за наводни врски со ѓуленисткото движење (ФЕТО), пишува весникот Hurriyet.Со налогот се апсат Медиха Олгун, управен директор на новинарскиот портал на весникот, менаџерот за финансиски прашања Јонка Кале и дописникот Гокмен Улу се останатите тројца обвинети. Сомневањата против нив се за членство во ФЕТО – движењето, кое според Анкара формирала обидот за државен удар од летото на 2016 година
Адвокатите на “Созчу” не ги потврдија информациите, велејќи дека пред нив не се претставени слични документи.

Слични содржини