Турските власти затворија над 20 телевизии и радија

од Vladimir Zorba

Турските власти затворија над 20 телевизии и радија. Активностите на Владата предизвикаа бран незадоволство меѓу професионалните и организациите за човекови права.

image_5788799_126

Електронските медиуми ставени по ударите на власта по обвиненијата за содржина на тероризам во емисијата. Две од телевизиите се поврзуваат со Курдистанската демократска партија, а една со заедницата на алевитите, сфатени како секта.

Меѓу затворените има дури канал за детски цртани филмови. Сојузот на турските новинари излезе со изјава дека “новинарите кои не го делат мислењата на владата, се земени на нишан и се уапсени врз основа на фабрикувани обвиненија”.

Меѓународниот комитет за заштита на новинарите ги повика турските власти да ја преиспитаат својата одлука. Продолжува и чистка во сите сфери на општеството. Денес беа уапсени нови 26 универзитетски професори, како и околу 160 вработени во затворите и правдата.

Слични содржини