Ирачките владини трупи влегоа во последната локација која се наоѓа на север кон Мосул, соопшти односи ирачката телевизија “Ас Сумарија”.

Армиските единици го нападнаа градчето Тел Кајф кое се наоѓа на само 5 километри од “главниот град” на терористичката група ДАЕШ (Арапски акроним на “Исламска држава”).

kurdi3
Успеале да заземат две соседства и издигнале таму ирачките знамиња. Телевизијата соопштила исто дека при воздушен удар врз Тел Кајф бил ликвидиран заменик-командант на екстремистите во Мосул.

Во копнена воена операција учествуваат вкупно 60 илјади лица од владините сили, антитерористичките единици, федералната и локалната полиција, курдските одреди “пешмерга”, шиитските милиции и локалните сунитски племиња.

Тие се поддржани од авионите на меѓународната антитерористичка коалиција на чело со САД, владината авијација и артилерија. Според податоци на разузнавањето во градот се наоѓаат помеѓу 5 и 6 илјади џихадисти.

Во меѓувреме Ирак одби предлогот на Турција да учествува во офанзивата. Во моментов Анкара води спор со ирачката влада во врска со присуството на турски војници во воената база “Башика”, во близина на Мосул.

“Знаеме дека Турците сакаат да учествуваат. Благодариме, но тоа е нешто со што Ирачаните ќе се справат “, изјави ирачкиот премиер по средбата со американскиот министер за одбрана Ештон Картер во Багдад.

Турскиот премиер Бинали Јилдирим, пак вели дека Турција засега не треба да зема активно учество во пеѓадиската фаза од операцијата, но Анкара не е задоволна од ветувањата на Вашингтон и Багдад и по потреба е подготвена да преземе акција и да се вклучи со воздушни удари на пример.

“Турција не може да биде рамнодушна кон ситуацијата во Ирак, со оглед на 350-километарската граница со оваа земја, и не може да остане индиферентна на позадината на масовните убиства, потенцијалниот бран на бегалци и судири во пограничната зона.

Ние ќе преземеме активности, доколку е потребно. Подготвени сме за тоа, бидејќи ветувањата на САД и Ирачките шиитските милиции и ПКК да не учествуваат во операциите во Мосул не не задоволуваат “, рече Јилдирим за телевизијата NTV.

Воената операција за заемање на Мосул од ДАЕШ започна на 17 октомври. Џихадистите го сметаат градот за својот главен град во Ирак. Во Мосул се наоѓаат околу 1,3 милиони луѓе и над 6 илјадиџихадисти. Градот беше оставен од владините сили практично без борба во јуни 2014 година, кога беше нападнат од формации на ДАЕШ

Слични содржини