Турско село дознало за обидот за преврат десет дена подоцна откако случајно минал некој овчар

од Vladimir Zorba

 

Жителите на турското село без струја на црноморското крајбрежје за обидот за државен удар во Турција на 15 јули дознале дури десет дена подоцна, пишува „Хуриет дејли њуз”.

timthumb (25)

Жителите на селото во округот Гиресун , Северна Турција, ја дознале веста од некој овчар, кој случајно минувал оттаму.

Жителите на селото започнале петиција со барање нивното село да биде електрифицирано како и останатите села во округот.

– Ние не можеме да слушаме радио, да гледаме телевизија, ниту да ги слушнеме повиците за молитва. Дури и за веста за преврат ја дознавме од еден овчар. Сакаме електрична енергија, за да ги искористиме новите технологии, изјавила на организаторката петицијата.

Слични содржини