Турското МНР ја отфрли американската резолуција со осуда на судирите пред Амбасадата во Вашингтон

од Vladimir Zorba

Турското Министерство за надворешни работи ја отфрли резолуцијата на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, со која се осудуваат судирите меѓу демонстрантите и турските телохранители пред турската амбасада во Вашингтон, пренесоа британските медиуми.

 Портпаролот на турското МНР, Хусеин Муфтиоглу, синоќа изјави дека изгласаната резолуција е еднострана, што ги извртува фактите, и додава дека инцидентот, што се случи за време на минатонеделната посета на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на САД, бил резултат на негрижата на американските власти.

– Инцидентот се случи како резултат на одбивањето на американските власти да ги преземат неопходните безбедносни мерки и покрај предупредувањата од турска страна, изјави Муфтиоглу.

Слични содржини