Турција дава пример за демократијата, но Владата не го гледа тоа

од Vladimir Zorba

  

 

Со „Маршот на правдата“ од Анкара до Истанбул, што на 15 јуни го започна Калачдароглу, лидерот на водечката опозициска сила – социјалдемократската Републиканска народна партија (ЦХП), се зголеми бројот на повиците кон него да го сопре патешествието на претседателот Реџеп Тајип Ердоган и премиерот Бинали Јилдирим од владеечката Партија на правдата и развојпот (АКП).

На 20 јуни, Калачдароглу свика заседание на парламентарната група на неговата партија не во Парламентот, туку покрај градот Кизилџахамам во округот Анкара. Тој и неговите следбеници имаат да поминат уште 330 километри за да ја завршат 450 километарската маршрута меѓу Анкара и Истанбул.

Неговите следбеници не се само членови на ЦХП. На пример, Фатма Бостан Јунсал, која е меѓу основачите на АКП, но беше отпуштена од Универзитетот каде рабоптеше по неуспешниот обид за државе удар на 15 јули 2016 година; учествуваше на маршот еден ден, носејќи транспарент со натпис „Правосудство“.

Телевизиите прикажаа и кадри од поддржувачи на Партијата за националистичка акција (МХП) со партиски знамиња закачени на балконите, кои му аплаудираа на Калачдароглу при минувањето во еден град. Без сомнение, тоа ќе предизвика критики од странс нс лидерот на МХП, Девлет Бахчели, кој ја поддржува владината линија против маршот.

Претседателот Ердоган рече дека маршот е неуставен и Калачдароглу треба да ја прими судската пресуда со која пратеникот на ЦХП Енис Бербероглу беше осуден на 25 години затвор. Бербероглу сега се наоѓа во затвор во Истанбуил (заради тоа и маршот оди кон Истанбул) по обвиненијата дека му предал на весникот „Џумхуриет“ во 2015 година видео снимка за рацијата на жандармеријата на камиони на турската разузнавачка служба, во кои се превезувале, како што се тврдеше, воена опрема за бунтовниците во Сирија во 2014 година.

Ердоган исто рече дека маршот на Калачдароглу „не е поинаков“ од обидот за воен преврат во 2016 година, против него и неговата влада, и го повика лидерот на ЦХП за го прекине маршот. Претседателот изјави дека Владата гледа добронамерно на маршот, но истовремено потенцираше и дека невладините организации кои го поткрепуваат маршот, може исто така да бидат повикани пред суд.

Калачдароглу на 20 јуни рече дека ќе продолжат да одат не благодарение на дозволата на Ердоган, туку затоа што е тоа нивно уставно право. Истакнувајќи дека маршот е целосно мирен и не му штети нукому, тој рече дека ќе оди во името на „праведноста и демократијата за сите 80 милиони турски граѓани“.

Турција никогаш претходно не била сведок на сличен настан. Уличните протести, кои вообичаено завршуваат со насилства, со непропорционална реакција од полицијата, што доведе до жртви, ранети и апсења.

Веројатно еден од начините на сето што се случува може да се опише е како префектен пример за демократска зрелост – својствено дури и за Ганди – во името на едноставно политичко барање. Маршот се следи од страна од милиони луѓе во Турција и се следи скоро од сите амбасади и меѓународни институции во земјата.

Така што всушност Ердоган би можел да го истакне маршот како пример за силата на турската демократија, која покажува дека кога оние кои протестираат се однесуваат мирно, нема закана од властите за нив. Таквата линија може дури да се искористи како аргумент против острите критики кои му се упатуваат, дека е авторитарен лидер.

За жал, владата не може да види дека маршот всушност претставува пример за демократија во земјата и наместо тоа се обидува да го прекине

Хуриет Дејли Њуз – Истанбул 

Слични содржини