Турција го предизвикува Иран во Мосул

од desk3

Независимаја газета – Москва

Операцијата за ослободување на Мосул од терористите, може да ги судри интересите на неколку регионални играчи – Ирак, Турција и Иран. Експерти сметаат дека Анкара сака да создаде „хаос“ во соседната држава – како оној кога се појави во Сирија, како дел од операцијата „Еуфратски штит“. А Иран пак сака да си пробие коридор кон Сирија.

download

Перспективата за серизоно заострување на односите меѓу Турција и Ирак се појави кога во декември 2015 година турските копнени трупи влегоа од север во арапската држава, по изговор дека дејствуваат против борците на Курдската работничка партија (ПКК). Разидувањата се засилија со продолжувањето на мандатот на турското присуство во Ирак кое беше изгласано овој месец во Парламентот.

Багдад сосема очекувано го критикуваше тој чекор на турската Влада, но Анкара возврати дека дејствува по нејзина официјална покана. Турските власти изјавуваат дека ќе ги повлечат војските од северен Ирак, дури откако ќе се стави крај на конфликтот.

Амбициите на Турција стигнаа дотаму што таа изрази подготвеност да го заземе Мосул, неформалната престолнина на Исламска држава (ИД). Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган дури и го најави планираниот датум на офанзивата – 19 октомври. Шефот на државата го осуди гласините кои се спротивставија на турското учество во таа операција.

Учеството во операцијата на шиитските сили за самоодбрана кои се непријатели кон Анкара, можат да посеат паника меѓу сунитското население во Мосул. Според очевидци при ослободувањето на Фалуџа во Ирак, шиитски борци нападнале локални сунити. Од почетокот, ирачкиот премиер Хајдер ал Абади рече дека во нападот врз Мосул нема да бидат вклучени шиитски борци, но сега се колеба, посочуваат набљудувачи.

Списанието „Нешанл интерест“, тука гледа резултат од притисокот на Иран кој го врши преку неговите протажеа – јавно со цел да ги постави во Мосул основите на идниот копнен коридор за Сирија. И токму иранското влијание може да предизвика мешање на Турција, тврди изданието.

Турција историски го гледа Мосул како сопствена територија. – Таа се уште го гледа во градот центарот на своите интереси во северен Ирак, изјави за „Независимаја газета“, Станислав Иванов, висок научен соработник од Центарот за меѓународна безбедност при Институтот за глобална економија и меѓународни односи во Руската академија на науките.

– Мосулскиот Вилает беше еден од вилаетите на Отоманската Империја. По крајот на Првата светска војна, Велика Британија го создаде Ирак вештачки со мандат од Лигата на народите. Иако одлуката за создавање на државата датира од 1921 година, границата беше утврдена во 1926 година. Нова Турција, изградена на урнатините на Отоманската Империја, до крајот се бореше Мосул да остане на нејзина територија, вели Иванов.

Експертот појасни дека во Мосул живеат претежно арапси сунити и голем број Курди. – Мосул до денес е спорна територија меѓу Ирачки Курдистан и централните власти, потенцира Иванов. – Турција сака да го искористи тоа. Таа разви добри односи со раководството на Ирачки Курдистан. Со одлука на тамошните власти – тогаш таа не реагираше ниту кога Багдад водеше превентивни операции против ПКК: Багдад и Анкара имаа договор турските војници да дејствуваат во обуките на сунитските милиции, особено заради калифатот кој го прогласи ИД, вели тој.

Според аналитичарот, Турција трајно се досели во Ирак. Таа располага со мали единици и обучува сунитски борци, за да не дозволи Мосул да биде преземен од шиитите. – Редовната армија на Ирак сега фактички се формира од нула. Армијата, која ја создаваше САД по 2003 година, се покажа како неспосбна заради етничките разлики во неа. Сунитите веднаш преминаа во ИД, Курдите си ги бранат сопствените региони, а шиитите немаа многу воено искуство и илјадници од нив загинаа. Се одлучи празнината да се пополнува со шиитски одреди за самоодбрана, а тие вклучваат и радикали и умерени елементи. При ослободувањето на едни или други, земјите испраќаа таму свои ескадрони на смртта, вели Иванов.

Анкара се плаши дека штом ќе биде ослободен Мосул, Багдад таму ќе постави своја власт и ќе ги истера сунитските сили кои имаат нејзина подрршка, смета набљудувачот. – Ако таа операција се оствари, Турците ќе сторат се да учествуваат во неа и да го наметнат своето влијание, како што се случува сега во северна Сирија. Таму тие ги истераа Курдите и си направија свое влијание. Истото сакаат да го сторат и во северен Ирак, за да не дозволат засилување на Иран, вели Иванов.

Експертот појасни дека ирачкиот Устав дозволува мирно решавање на територијалните спорови и секој регион може да спроведе референдум за автономија, каква што има Ирачки Курдистан. Таму има огромни залихи од нафта, битни и во светски рамки – како во Киркук, така и во Мосул.

Операцијата за ослободување на ирачкиот град не на линија со руските интереси, смета Иванов. – Се обидуваме да градиме партнерски односи со Турција. Во еден дел односите ни се совпаѓаат. Освен тоа, независно што ирачките и сириските курди се во тесна соработка со САД, Русија го прифаќа тоа со разбирање, вели тој.

Според зборовите на друг експерт, во офанзивата на Мосул интересите на Турција и на ирачките Курди можат да се судрат и покрај извесното разбирање меѓу нив – засега. – Тука ќе се вкрстат интересите на многумина, дури и на САД, изјави за професор Владимир Сажин, самостоен научен истражувач во Институтот за ориенталистика при Руската академија на науките (РАН).

– Доколку на крајот САД водат политика во поддршка на Курдите, тука исто можеме да видиме проблеми. Заради фактот што во Мосул се испреплетуваат интересите на многу земји, вклучително и на Иран, долго време не се дејствуваше активно за ослободување на градот. Што ќе постигнат турците? Тешко е да се предвиди. На воен план, тие се разбира можат да се справат, смета Сажин.

Експертот ја исклучи секоја можност да директен судир меѓу различни сили кои ќе го ослободуват Мосул. – Не можам да си претпоставам како Анкара ќе спроведе самостојна операција без претходно да се кнсултира со Багдад, рече Сажин./MИА

Слични содржини