Турција и Русија ја усогласија трасата на „Турски поток“

од desk2

Турција и Русија ја усогласија локацијата на која ќе започнува копнената траса од гасоводот „Турски поток“ на турскиот брег на Црното Море, соопшти денеска рускиот министер за енергетика Александар Новак.

Како што јави ТАСС, договрено е копнената траса од гасоводот на турска територија да започнува северно од приморското село Кајакој.

– Тоа место е најефективно и оптимално од економска и географска гледна точка, рече Новак по средбата со турските преставници во Измир.

Новак нагласи дека сега претстои да се разгледа продолувањето на копнената траса кон други земји кои се заинтересирана за добивање на руски гас преку овој гасовод. – Грција, Италија, а сега уште и Бугарија излегува со нова иницијатива, за диструбуција на гас преку нивна територија. Тоа се прашања по кои се работи. Ако има потреба може да доставуваме (гас) и тука и таму.

Најважно е да се добие одобрение од ЕУ, рече Новак. Изградбата на морската траса на „Турски поток“ започна на 7 мај од рускиот брег на Црното Море.

Согласно планот, морската траса од гасоводот, во вкупна должина од 910 километри, треба да заврши на брегот на Црното Море во европскито дел на Турција, по што „Турски прток“ ќе продолжи со копнена траса долга 180 километри. Предвидено е капацитетот на гасоводот да биде 17,75 милијарди кубни метри гас годишно, а неговата изградба да чини 11,4 милијарди евра.

Слични содржини