Турција официјално побара од САД испорачување на Ѓулен

од Vladimir Zorba

 

Администрацијата на американскиот претседател Барак Обама денеска соопшти дека примила официјално барање од Турција за испорачување на муслиманскиот верски лидер Фетулах Ѓулен кој е обвинет од Анкара дека е одговорен за неуспешниот обид за пуч на 15 јули.гулен

– Американските власти го разгледуваат барањето, изјави портпаролот на Стејт департментот Марк Тонер.

Ѓулен живее во американската сојузна држава Пенсилванија и негира дека има какви било врски со обидот за пуч.

Тонер, сепак наведе дека барањето за екстрадиција нема врска со обидот за државен удар, но не даде повеќе детали.

Слични содржини