Турција планира нов канал кај Босфорот вреден над 14 милијарди евра

од desk4

По изградбата на мостот „Султан Селим“ преку Босфорот, Турција подготвува нов мега проект – прокопување на вештачки канал кој ќе ги поврзе Црното и Мраморното Море.

Според дневниот весник „Сабах“, претседателот Реџеп Тајип Ердоган ја промовирал изградбата на каналот кој првпат го најави во 2011 година, а за кој се очекува да чини над 14 милијарди евра.

Предвидено е каналот да е долг 45,2 километри, а за неговата изградба ќе треба да се ископаат 1,5 милијарди кубни метри земја кои ќе се искористат за изградба на вештачки острови во Мраморно Море.

Слични содржини