Турција се подготвува за стотици илјади бегалци од Мосул

од Vladimir Zorba

Турција се подготвува да пречека стотици илјади бегалци од ирачкиот град Мосул, каде започна офанзива за протерување на “Исламска држава”. Според ОН, ако борбите бидат ужасни ќе биде протеранп цивилното население, а најмалку 100 000 луѓе ќе се преселат во Сирија и Турција, а речиси 1 милион ќе избегаат од регионот во други делови на Ирак.

zx450y250_2845886

“Ако операцијата се одржи правилно, нема да има бегалски бран кон Турција. Но ако нешто тргне наопаку во Мосул, стотици илјади изтормозени луѓе во несреќна состојба ќе ги стават бегалските торби на грбот и ќе тргант кон единственото место каде што можат да одат – Турција “, рече вицепремиерот Нума Куртулмуш на прес-конференција во Анкара.

Поддржани и предводени од САД коалиција и делови на ирачката армија почнаа офанзива со намера да ја избркаат “Исламска држава” од последната нејзина голема тврдина во Ирак.

Но Турција, како и другите земји, предупредуваат дека ако шиитските милиции дозволат да упаднат во населеното место со претежно Арапи во сунитски град, тоа може да предизвика колење и масовно бегство на 1,5 милиони жители.

Турската агенција за борба со катастрофи AFAD коментира дека веќе има доволно искуство во пречекот на мигрантски и бегалски бран. “Кревање шатори е многу лесно. Веднаш можеме да изградиме кампови за стотици илјади бегалци”, раскажува претставник за агенцијата “Ројтерс”.

“Постапката е стандардизирана и се работи како часовници. Армијата ќе го прибере оружјето на луѓето, полицијата ќе ги провери бегалците, имиграциските власти ќе ги регистрираат и Црвената полумесечина ќе им даде вода, храна и засолниште.”

Анкара сепак не чека пасивно и според очевидци во гарнизон долж границата со Ирак во реонот на Силопи има распоредени тенкови, оклопни возила и камиони со муниција. Куртулмуш потврди дека речиси 3.000 ирачки борци, обучени од турски инструктори во воениот камп во Башика во северен Ирак, ќе учествуваат во офанзивата против вториот по големина ирачки град. Во офанзивата се очекува вклучување на околу 30.000 ирачки војници, курдски единици за самоодбрана пешмергои и сунитски племенски милиции.

ОН повика на барем 61 милиони долари нови донации со кои ќе се купат соодветни шатори, печки и предмети потребни во текот на зимата, за очекуваните нови бегалци и за протераните внатре во Ирак и Сирија.

Тимови на Меѓународниот Црвен крст се крај Мосул, во обид да им помогнат на 270.000 луѓе со храна и итна помош. “Подготвуваме во Сирија за усвојување нао 90 000 ирачки бегалци”, се вели во порака на “Твитер” на Комесаријатот за бегалци. Според официјалните податоци во моментов во Сирија има околу 26.000 Ирачани бегалци.

Нема безбедни патишта за бегство од Мосул и луѓето може да бидат под вкрстен оган, се користат како жив штит или да паднат во мински полиња или натоварени со експлозив автомобили и предмети.

Лиза Гранде, координаторот на ОН за хуманитарни прашања, рече минатата недела дека во битката за Мосул се подготвубваат за најголемата и сложена хуманитарна операција во светот.

Бегалците се очекувани на сириската граница кај село Тел Сефук кое се користи главно од шверцерите, но пред да стигнат дотаму треба да преживеат меѓу заканите од “Исламска држава” кој го брани Мосул дури и со цената на хемиски напади и палењето на ровови полни со нафта.

Слични содржини