Турција уплати депозит за купување руски ракетни системи С-400

од Vladimir Zorba

– Турција потпиша договор со Русија за купување на одбранбени ракетни системи С-400. Тоа е прво турско поголемо купување на оружје од Москва, објави денеска турскиот весник „Хуријет“.

– Договорите за купување на С-400 од Русија се потпишани. Депозитот е уплатен, колку што јас знам, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

И Москва потврди дека е постигнат договор со Турција. Владимир Козхин, советник на рускиот претседател за воено-техничка соработка, изјави дека договорот е потпишан и оти во тек се подготовки за негова реализација.

– Одлуките поврзани со овој договор се во согласност со руските стратешки интереси. Разбирам зошто поединечни западни држави се обидуваат да извршат притисок врз Турција, наведе Козхин.

Односите на Москва со НАТО се во криза од руската анексија на Крим, а Турција, која е земја-членка на Алијансата, а има многу отворени прашања со САД.

Слични содржини