Турција во Приштина гради џамија од 40 милиони евра најголема на Балканот

од desk3
На Косово со денови се води полемика за изградба на централна џамија во Приштина. Полемитката не се води околу прашањето треба ли џамијата да се изгради или не, туку расправата се води за нејзината османлиска архитектура според урбанистичкиот план. 
Претходниот состав на градските власти во Прштина во 2012 година на Исламската заедница на Косово и додели парцела за изградба на централна џамија. Во меѓувреме Исламската верска заедница го одбра проектот со  османлиска архитектура на турската  Diyanet Фондација која личи на џамијата Mimar Sinan во  Одрин, Турација. Вредноста на проекот според информациите од општината се околу 40 милиони евра а ќе го финансира Исламската верска заедница од Турација.
Во проектот, покрај џамијата во која можат да се клањаат до 10.000 лица, предвидена е и изградба на двор, галерија, подземен паркинг, помошен дел на џамијата, сали за конференции, администрација, две гарсоњери, двоспратна библиотека, училници и продавници.

Веднаш при доделувањето на парцелата, поставен е камен темелник, но изградбата сеуште не почнала. Во исламската верска заеница велат дека се чека општината да го одобри проектот и да се издаде дозвола за нејзина изградба.

Но според  општината постојат недоразбирање во врска со проектот, односно околу тоа дали е тој во склад со урбанистичкиот план на населбата Дарданија во која треба да се гради што е во близина на главната пошта.

Поради полемиката во медиумите, но и поради петицијата на група граѓани кои се против изградба на џамија врз основа на актуелиот проект, на барање на градоначалникот на Приштина Шпенди Ахмети, проектот на општината и бил  представен од  представници на Исламската заеница. Според генералниот секретар на Исламската верска заедница Ресуљ Реџепи, расправата за изградбата на централна џамија трае веќе 17 години и дека ова е последен момент да се почне со нејзината изградба.

Доколку се изгради по избраниот проект на Исламската верска задница, според Реџепи тоа ќе биде најголемата џамија на Балканот.

Слични содржини