Туск 8 часа испрашуван во полското обвинителство за дело од “силен политички карактер”

од Vladimir Zorba

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск беше сослушуван повеќе од осум часа зад затворени врати од страна на полското обвинителство. На излегување, откако сведочеше, тој рече дека случајот, по што беше повикан како сведок, е од “силен политички карактер”.

Откако излезе од зградата на обвинителството, Туск изјави за новинарите дека не може да даде детали за изјавите кои ги дал зад затворени врати, бидејќи претставуваат тајна. Единствено рече дека се однесени кон него гостопримливо, како и тоа дека му понудиле “чај, кафе и вода”. “Целото дело е со силенополитички карактер”, изјави Туск.

Тој исто така рече дека се јавил за испрашување “од почит кон полската држава”. Според него, сепак тој го информирал обвинителството дека ќе се повика на дипломатскиот имунитет како претседател на Европскиот совет, ако смета дека истражните дејствија имаат за цел да му ја спречат функцијата да си ја врши работата.

Додека беше во зградата на Обвинителството, однадвор го чекаа неговите приврзаници со знамиња и транспаренти. Тие го нарекуваа Туск “нашиот европскиот претседател” и изјавија дека секогаш ќе го поддржат во Полска, пренесоа агенциите, цитирана од светските агенции.

Претходно беше соопштено дека станува збор за истрага против двајца поранешни шефови на полскоот воено контраразузнавањето – генералите Јануш Носек и Пјотр Пител, осомничени за соработка со руската Федерална служба за безбедност, без дозвола на тогашниот премиер Доналд Туск.

Еден од осомничените тврди дека Туск бил информиран за контактите со руските тајни служби и дал соодветното овластување. Туск изјави дека десната полско влада се обидува да го дискредитира преку оцрнување и кампања.

Слични содржини