Туск е категоричен: Вратата за дијалог се затвора ако Каталонија прогласи независност!

од Vladimir Zorba

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск го повика лидерот на Каталонија да не донесува одлука што би го направило дијалогот со Мадрид невозможен, информираат светските агенции.

Подоцна, Каталонија веројатно официјално ќе прогласи независност од Шпанија. Денес јас ве молам со вашите намери да го почитувате уставниот поредок и да не ги објавувате решение кое би го направило таквиот дијалог невозможен, објави Туск во Брисел и повика на прекин на кризата.

Тој додаде дека разликите не треба да водат до конфликт, чии последици очигледно ќе бидат неповолни за каталонците за Шпанија и за цела Европа.

Пред состанокот на Комитетот на регионите на ЕУ Туск истакна: Нека секогаш се стремиме кон она што не обединува, а не на она што нè одвојува. Тоа е она што ќе одлучи за иднината на нашиот континент.

Портпаролот на каталонската влада не откри дали регионалниот лидер Карлес Пучдемон ќе прогласи независност во текот на очекуваниот вечерашен говорот пред парламентот.

Според Фајненшл тајмс Пучдемон има намера да прогласи независност од Шпанија, иако не е јасно кога точно тоа ќе го направи. Тој, исто така, ќе повика на повеќе политички разговори со Шпанија и меѓународната заедница.

Слични содржини