Уривањето на рускиот воен авион од страна на Турција претставува опасна ситуација, но сите мора да останат со „студени глави“ и да се насочат кон борба против џихадистичката група Исламска држава (ИД), порача денеска во Загреб, претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.

download (13)

– Постои само еден начин за избегнување на вакви инциденти во иднина, а тоа е насочување на сите ресурси во борба прптив ИД, изјави Туск, кој во Загреб присуствуваше на регионалниот Самит Брдо-Бриони.

Според него, заедничка цел на целата меѓународна заедница треба да биде борбата против ИД

– Сите треба да знаат дека никогаш нема да се формира коалиција против умерната опозиција, порача Туск.

Рускиот авион Су-24 беше собрен вчера претпладне од страна на турски ловец Ф-16, откако, како што тврди Анкара, леталото го нарушило воздушниот простор на Турција. Руското Министерство за одбрана од своја страна соопшти дека нивниот авион летал во набљудувачка мисија над сириската територија и не го повредил турскиот воздушен прпстор.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека постапката на Турција претставува „нож забоден во грбот на Русија“ и ја предупреди Анкара на сериозни последици поради соборувањето на авионот.

Турскиот премиер Ахмед Давутоглу ја оправда постапката на армијата, објаснувајќи дека Турција мора да ги брани своите граници и својот воздушен простор.

НАТО и ЕУ синоќа апелираа за продолжување на контактите меѓу Анкара и Москва и повикаа на смирување на тензиите и на деескалација на состојбата.

Слични содржини