Твитер профилот на Трамп е вреден 2 милијарди долари

од Vladimir Zorba

ТВ “Блумберг” го оцени профилот на Доналд Трамп кој егзистира на социјалната мрежа “Твитер” и во овој момент вреди околу 2 милијарди долари. Точно толку ќе бидат загубите за мрежата за микроблогирањето ако претседателот одлучи да не твита повеќе.
Блумберг го цитира аналитичарот на Monness Crespi Hardt & Co. Џејмс Климак. Тој посочува дека ако Трамп престане да пишува на Твитер, тоа ќе доведе до одлив на потрошувачи и голем пад на акциите. Во моментов, пазарната вредност на “Твитер” изнесува 11,7 милијарди долари.

Слични содржини