„Тврдокорни“ на протест пред вилата на Иванов ќе бараат да му се одземе мандатот на Заев

од desk2

Иницијативата „Тврдокорни“ денеска повика на сенароден протест пред вилата на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, со барање да му се одземе мандатот на премиерот Зоран Заев за, како што велат, непридржување кон дадените гаранции и работење против македонските национални и државни интереси за туѓи интереси и за уривање на државата.

„Со одземањето на мандатот ќе биде овозможено да се преземат сите неопходни мерки за заштита на уставниот поредок и на државата, од сите дејства со кои државата и македонскиот народ се ставаат под директна мирна окупација“, велат од инцијативата.

Протестот ќе почне во 17 часот, пред канцеларијата на Делегација на Европска Унија, од каде, како што велат од инцијативата, ќе се обратат до ЕУ и до НАТО и ќе испратат 12 протестни барања. Протестот ќе продолжи по улицата Мајка Тереза, сѐ до Вилата Водно, каде на претседателот Иванов ќе му биде предадено протестното барање./Мета

Слични содржини