Уапсен и депортиран “најубавиот криминалец“ во Лондон

од Vladimir Zorba

Американецот Џереми Микс, кој се прослави во 2014 година како “најубав криминалец во светот”, беше уапсен на лондонскиот аеродром Хитроу и депортиран назад во САД, соопштува Daily Mail.

32-годишниот Микс кој излезе од затвор во 2016 година и стана модел, беше во британската престолнина за фотосесија.

“Тој е многу вознемирен. Полицијата го придружуваше назад во авионот “, раскажува менаџерот на Микс – Џим Џордан и додаде дека Џереми бил со сите потребни документи за излегувањето од земјата.

Најубавиот криминалец во САД прави кариера како модел и го покорува Instagram. Микс полета назад во Њујорк, а неговата жена и неговиот менаџер останале во Лондон.

Што се случува со него и неговите идни планови не е пријавено.

Микс стана познат во 2014 година. Тој помина некое време во затвор за нелегално поседување оружје и негова слика, објавена на страницата во полицијата на Државата Калифорнија на Facebook го направи познат.

Корисниците на социјалните сајтови редовно го следеа, а модните агенции почнаа да го канат за учества.

Со излегувањето на слобода есента минатата година, Џереми склучи договор со White Cross Management.

Слични содржини