Уапсен киднапер откако во холандска радиостаница заробил вработена

од desk2

Во холандска радиостаница во Хилверсум во четврток наутро повеќе од еден час киднапер држел заробена вработена во радиото.


Портпаролката на полицијата вели дека жртвата нема сериозни повреди, но сепак е преврзана и пратена во болница на детален преглед. Уште нема информации за можните мотиви на киднаперот.

Полицијата накратко ја опколила зградата, пренесува Reuters.

Холндски ANP Nieuws објави дека киднаперот надвор од зградата се препирал со жената, а потоа под закана со нож, ја внесол во зградата.

Слични содржини